Милевски: Не’ очекуваат противници кои се физички одлично подготвени и што играат дисциплинирано

На списокот на повикани фудбалери на селекторот, Благоја Милевски за натпреварите против Фарски Острови (7. септември) и Ерменија (10. септември) во Лигата на нации (ЛН) нема поголеми промени од оние кои ги завршија квалификациите за ЕП.

– Фудбалерите на кои сметаме покажаа дека имаат потенцијал да се тука и натаму. Жал ми е што Дарко Велковски е без клуб и нема да биде во комбинација за настап на двата меча. Дени Илиев исто така нема да биде во составот поради повреда.

Дебитант е Кристијан Трапановски кој со настапите за Данди јунајтед заслужи да биде дел од тимот. Ги следев неговите игри и пред да направи трансфер во Шкотска, разговаравме и беше свесен за одредени недостатоци во играта. Познавајќи го каков карактер е, на добар пат е да се наметне и во репрезентацијата, изјави Милевски.

Милевски рече дека противниците се доста незгодни, физички одлично подготвени, играат дисциплинирано и со доста динамика.

– Но, јас сум мирен затоа што пред септемврискиот циклус, речиси сите ги минаа подготовките и се максимално спремни, за разлика од јунскиот „прозорец“ кој секогаш ни бил проблематичен.

Со Фарските Острови се игра на вештачка трева и македонските фудбалери ќе мора да се пролагодат и на тоа.

– Мора да сме на максимумот од можностите, сите ставени во функција на тимот, но со респект кон секој противник во групата. Фарски Острови не се наивни, условите ќе бидат тешки и мора да се потрудиме максимално, истакнува Милевски.

Првиот натпревар против Фарски Острови се игра на годти на 7 септември (15 часот), а вториот на 10 септември (20.45 часот) против Ерменија во Скопје.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО