Британецот Ји среброто од Токио го претвори во злато на триатлонската трка во Париз

Алекс Ји од Велика Британија во сензационален спринтерски финиш успеа да го освои олимпиското злато во триатлон (велосипедизам, пливање и трчање), на реката Сена во Париз. Ји среброто од Токио 2021-та во претвори во злато во Париз 2024-та.

Ји (26) забележа вкупно време од 1:43,33 часа, побрзо за шест секунди од „сребрениот“, Новозеланѓанецот, Хајден Вајлд, кој ја освои бронзата пред три години и се чинеше дека овојпат ќе триумфира откако пред крајот имаше предност од дури 15 секунди. Трет беше Францизниот Лио Бержер.

Сепак, Ји ја покажа класа, ја истемпира силата во финишот до совршенство и успеа да триумфира. „Многу сум им благодарен на сите што беа покрај мене во последните три години. Овој триумф нив им го посветувам “, изјави Ји за „Би-би-си“.

Машката трка вчера беше одложена за 24 часа, откако квалитетот на водата во реката Сена не ги исполни бараните стандарди по обилните врнежи во текот на викендот.

Велика Британија има освоено повеќе медали во триатлон од која било нација откако овој спорт доби олимписки статус во Сиднеј 2000 година.

Триумфот на Ји беше четврти златен медал, а заедно со бронзата на Бет Потер во женска конкуренција, Британија има освоено девет медал на седум Игри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО