Рио Фердинанд знае кој е „најважниот“ играч на Англија

Поранешниот англиски репрезентативец, Рио Фердинанд тврди дека Букајо Сака е „најважниот“ англиски играч на Еуро 2024.
Избраниците на Герет Саутгејт ремизираа 1-1 со Швајцарија во Дизелдорф, но на пенали стигнаа до полуфиналето. Голот на Сака во регуларниот дел беше токму една од причините за останувањето на Англичаните на ова ЕП.

– Сè околу него се чини дека е толку позитивно. Не можете да не го сакате, не само поради неговиот фудбал, туку и поради неговата личност и карактерот што го покажува на ова првенство. Тој е веројатно најважниот англиски играч. Тој е толку различен од сите други. Тој е оној кој трча и се враќа назад. Денес играше крилен бек. Тој е толку директен. Толку талентиран, изјави Фердинанд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО