Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, посочи два меча што го спречиле неговиот тим да ја освои титулата во Премиер-лигата. „Топчиите“ го обезбедија второто место веднаш зад Манчестер Сити.
– Поразот во април од Астон Вила на домашен терен беше клучен момент. Во првото полувреме требаше да водиме 4:0, можеби приказната ќе беше поинаква ако победевме на тој меч“ – изјави Шпанецот.
– Исто така тоа што се случи минатиот вторник на дербито меѓу Тотенхем и Сити. Можевме да станеме шампиони со поразличен епилог на тој меч. Сигурен сум дека набрзо ќе стигнеме до титулата – изјави Артета.