Звонимир Бобан ќе мора да му врати на Милан преку 1 милион евра

Фудбалскиот клуб Милан го доби судскиот спор против некогашниот спортски директор, Звонимир Бобан.

Легендарниот хрватски фудбалер стартуваше судски процес против клубот, кој прво го доби, по што Милан мораше да му исплати преку 5 милиони евра.

Седумкратниот освојувач на ЛШ се жалеше на таа одлука, а судот ја намали сумата за 1.2 милиони евра. Цифра која Бобан сега ќе мора да ја врати во касата на трофејниот клуб.

Долго тлееше конфликтот помеѓу Бобан и челниците на клубот, а сега дефинитивно тој ќе мора да враќа пари во касата на клубот од „Сан Сиро“.