Ѕвездата на Вардар открива: ПСЖ беше во шок кога ги одбив!

Се уште актуелниот европски првак Вардар во новата сезона ќе има драстично променет лик, но и понатму еден човек се чини ќе биде неприкосновен во играта на „црвено-црните“.

Русинот Тимур Дибиров уште еднаш ја покажа верноста кон Вардар откако и летово одби понуда за да остане во Скопје.

Левото крило во интервју за медиумите во неговата татковина откри какви опции за продолжување на кариерата имал.

„Имав понуди, но чекав до последен момент со оглед на тоа што верував дека работите ќе се средат. Тимот на Мешков Брест достави понуда, а лани ме сакаше Монпелје, но јас сакав да останам во Вардар“, кажа Русинот и притоа додаде:

„Во 2013 година пред да се преселам во Вардар имав можност да завршам во ПСЖ. Знаете тогаш Вардар беше далеку од она што е сега, а додека во ПСЖ играа Хансен и Абало. На крајот мојата одлука се покажа како вистинска, а ПСЖ остана во шок“.