Звезда пред казна: УЕФА отвори истрага за натпреварот со Милан

Дисциплинската комисија при УЕФА денеска отвори истрага против Црвена Звезда за првиот 1/16-финален натпревар од Лигата Европа, против Милан, што се одигра во четвртокот.

Во соопштението од УЕФА не е наведено за што е истрагата, дали за навредите кон Златан Ибрахимовиќ или за присуството на гледачи на стадионот во Белград. Звезда се извини за навредите кон ѕвездата на Милан, но и покрај тоа ќе мора да одговара за некои пропусти на мечот.

Истрагата за тој натпревар доаѓа на два дена пред реваншот во Милано на кој српскиот шампион ќе брка сензационален пласман во осминафиналето.