В среда на стадионот на Партизан треба да се игра најголемото српско фудбалско дерби во кое домашниот тим ќе го пречека актуелниот шампион Црвена Звезда.
Два дена пред 171. дерби, Звезда се закани дека нема да игра ако главен судија на мечот остане Срѓан Јовановиќ. Станува збор за најдобриот српски судија кој води натпреври и од Лигата на шампионите, но на претставниците на Звезда, сепак, не им се допаѓа и не сакаат да го видат на теренот.
Интересно е тоа што Јовановиќ го судеше дуелот меѓу Звезда и Партизан одигран во април минатата година на Маракана, кога резултатот беше 0-0, но во ситуација кога „црвено-белите“ беа на милиметри од шампионската титула и тој меч немаше големо резултатско значење. Затоа во Звезда сега им текна на дуелот од 2019 година во кој триумфираше дека Партизан славеше со 2-0, а тие имаа огромни забелешки на арбитражата на 37-годишниот судија, па се сетија да уценуваат и да бараат негово изземање.
Пред големото дерби, Звезда има четири бода негатива во однос на Партизан, па затоа е целиот овој притисок пред натпреварот в среда.