Зверев загуби, ама им се закани на гигантите: Идната година доаѓа до смена!

Алекс Зверев не успеа да се пласира во финалето од завршниот Мастерс во Лондон и нема да ја брани титулата освоена минатата сезона.

Сепак, тој им се закани на Федерер, Надал и Ѓоковиќ и им најави дека идната година тие веќе нема да доминираат во светскиот тенис.

„Мислам дека новата година ќе донесе и нов Гренд слем шампион бидејќи сметам дека младите момци играат неверојатен тенис. Ќе видиме кој ќе биде, можеби Данил, Стефанос, Доминик… И јас сум во игра, барем се надевам“, изјави Зверев.

Доминацијата на големото трио продолжи и оваа година. Ѓоковиќ и Надал освоија по два Гренд слема, а тројцата се на првите три места на АТП листата на крајот на годината.