Зверев: Веднаш до Ѓоковиќ, Надал и Федерер!

Младиот и надежен германски тенисер Александар Зверев, самоуверено тргнува во нов предизвик кој е пред него, Ролан Гарос.

Тој пука од самодоверба, сметајки дека е рамо до рамо со најдобрите, Ѓоковиќ, Надал, Федерер.

Зверев пред извесен период го освои турнирот во Женева, добивајки го Ѓоковиќ во финалето.

Тоа беше тежок меч, тој играше агресивно, одлично сервираше, удираше се што ќе му дојде. Го контролираше мечот се додека не почна дожд да паѓа. Мило ми беше што успеав да најдат пат до победа и трофеј“

„Кога играм добро, не се грижам премногу околу тоа дали ќе освојам титула или не, знам дека можам да бидам еден од најдобрите и сигурно сум еден од најдобрите, кога ќе пронајдам вистински ритам“.