Зверев: Ѓоковиќ, извини за ова!

Неверојатен резултат ни доаѓа од Токио, рамно на сензација, каде Александар Зверев го сруши големиот ривал и фаворит за златото на ОИ, Новак Ѓоковиќ.

По првиот добиен сет со 6:1, никој не очекуваше ваква форма од Зверев или таков пад на српскиот тенисер, но сепак, чуда се случуваат, а српскиот тенисер повторно остана без златото.

Зверев оваа победа крајно емотивно ја поднесе, а на мрежата при поздравот со Ѓоковиќ, му рече „извини“.

Ти си еден од најголемите тенисе ри на сите времиња, извини за ова“, му порача Зверев на Ѓоковиќ при прегратката, а тоа се слушна и во директниот пренос.

Германецот за златото ќе се бори против Карен Хачанов, а Ѓоковиќ за бронзата против Пабло Карењо Бусто.