Зверев ги отпиша Рафа, Новак и Федерер: Јас и Тим сме најдобри во светот!

Кој ли да очекуваше пред почетокот на УС ОПЕН годинава дека Доминик Тим и Александар Зверев ќе бидат финалисти на овој Гренд слем турнир.

Сплетот на околности и дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ придонесоа за ваков момент и овие двајца млади момци ќе се борат за веројатно најважната титула во нивните кариери.

Доминик Тим е нешто поискусен во вакви финалиња, ова за него ќе биде четврто финале, додека на Зверев ова ќе му биде првенец.

Со нетрпение чекам да заиграм во финалето на овој турнир. На теренот ќе се појават во овој момент двајцата најдобри тенисери во светот“, порача Зверев, а дел од публиката имаше комични коментари дека Германецот малку претерува и дека само сплетот на околности а и мала доза на среќа, придонесоа за тие двајца да бидат во финале пред елитата.