Зверев е фан на Федерер, но направи споредба на рангирањето: Како тоа Роџер е пред мене?

Германскиот тенисер Александар Зверев, нема проблем гласно да размислува и зборува за она што го има во себе.

Тој се прашува како е можно ветеранот Роџер Федерер и покрај долгата пауза, се наоѓа пред него на АТП рангирањето, односно дали бодовите кои се делат на АТП се по заслуга.

Тој е седмопласиран на табелата со 5635 бодови, додека Федерер е безмалку цела илјадарка пред него (6375).

Не ми е јасно, јас го почитувам Федерер, навивам за него, но тој нема играно тенис една година, како е возможно да е рангиран пред мене. Јас играв и на едно Гренд слем финале, системот на бодување е крајно лош“, порача Зверев.