Зошто сите се против Лука – тренерот на Севилја со коментар: Каков Модриќ, има еден друг подобар играч!

Пабло Мачин, тренерот на Севилја, никако неможе да се согласи со изборот на Франс Фудбал и УЕФА за доделената Златна топка на играчот од Реал, Лука Модриќ.

Тој смета дека Лео Меси далеку повеќе ја заслужил оваа топка, бидејки тој е единствен со такви предиспозиции и талент, а додека како Модриќ имало многумина во денешниот фудбал.

Да се разбереме, Модриќ не е најдобриот играч во светот, ни играч кој знае да направи разлика. Постои друг подобар играч од него, но мораше ова да го направат за да не станат досадни. Меси секако повеќе ја заслужува оваа награда, тој е класа над Модриќ. Лука е секако одличен играч, но такви како него има многумина, додека Меси е чекор пред сите“, констатира Мачин.

Многумина годинава не се согласија со изборот на Франс Фудбал, сметајки дека се направени низа пропусти и неправда кон останатите претенденти за оваа престижна награда.