Зошто Надал не игра на малите турнири – сепак, причината е финансиска!

Директорот на АТП турнирот во Акапулко, Раул Сурутус, потврди дека Рафаел Надал нема да учествува на турнирот годинава.

Шпанецот има проблеми со повредата на грбот, но тоа не е неговата главна причина што тој ги одбива малите турнири.

Сурутус истакна дека едноставно немаат доволно пари да го платат учеството на Рафаел Надал.

Односот со Карлос Коста (агентот на Надал) е одличен и работите досега беа отворени, но реалноста е дека немаме пари. Нашиот буџет за оваа година е ограничен, така да одлучивме тие пари кои ги имаме да ги вложиме во носење на оние кои може да ги платиме“, истакна Сурутус.

Наводно, Рафаел Надал за настап на овој турнир бара помеѓу 500 000 и 1 милион евра.