Зошто еден фан на Ѓоковиќ, не може да ги сака и Федерер и Надал – и обратно!

Францускиот тенисер Жереми Шарди, смета дека скоро невозможно е во исто време да ги сакате сите три члена од големата тројка, Рафаел Надал, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Би рекол дека не би можеле да ги сакаме сите тројца на еднаш, доколку сте фан на Ѓоковиќ, тешко дека ќе ги сакате Федерер и Надал“.

Тој во интервјуто сликовито се обиде да го објасни ривалството:

„Тоа е така како што е и не постои начин што може да се направи за тоа да се промени. Тоа ви е како ривалство меѓу навивачи на Олимпик Марсеј и ПСЖ. Невозможно е да се сакаат и двете страни“, смета Шарди.