Златното момче Дарио Ивановски: Нов Балкански шампион на 3.000 метри

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, стана нов балкански шампион на 3.00 метри трчање во сала.

На Балканското првенство во затворен простор (спортска сала), кое се оддржа денес во главниот град на Турција, Ивановски беше прв пред конкуренцијата, освојувајки златен медал.

Ивановски беше доминантен во својата трка, оставајки го вториот натпреварувач скоро 7 секунди зад него.

Ова не е прв медал за Дарио Ивановски од балканските натпреварувања, но значајно е да се потенцира дека ова е прв златен зад неговото име.

Се разбира дека ова може да биде мотивација плус пред настапот на претстојното Европско првенство кое ќе се одржува идниот месец од 4-ти до 7-ми март во Полска.