Златан Ибрахимовиќ ја започнува својата актерска кариера и веќе ја доби својата прва улога.
Напаѓачот на Милан ќе биде дел од актерската екипа во новиот филм Астерикс и Обеликс: Средното Кралство и му е дадена улога на Кауис Антивирус.
Оваа информација Златан ја потврди на својот Инстаграм профил, а премиерата на овој филм е закажана за 2022 година.
Покрај Златан, познатиот актер Винсент Касел ќе го игра Јулиус Цезар, додека Марион Котијар ќе ја игра улогата на Клеопатра.
Во филмот ќе настапи раперот Ореслан, а јутјуб ѕвездата Мекфлај и Карлито.