Зидан воопшто не стравува од отказ – посочи кој е неговиот фокус во моментот

Утре од 16 часот се игра големото Ел Класико, кое овој пат ќе биде пред празни трибини, навивачите ќе мора да бидат пред тв екраните.

Зинедин Зидан кој е под притисок за евентуален отказ, истакна дека не стравува од отказ, бидејки е фокусиран само на работа со играчите, за кои рече дека ќе биде со нив до смрт.

По поразот од Шахтар во Лигата на шампионите, навистина би било премногу за „кралевите“ да го загубат дербито со Барселона на „Камп Ноу“.

Фокусиран сум да дадеме 100% на следните натпревари, а за отказот не би сакал да коментирам бидејки знам што се пишува низ весниците. Воопшто не сум загрижен бидејки и минатата сезона се пишуваше дека ќе добијам отказ“.

„Се разбира дека се очекуваат критики кога не играте добро. Имавме два тешки порази, па сега потегот е на нас, да реагираме по овој тежок период. Можам да ви кажам дека имам поддршка од сите играчи, а и јас сум со нив до смрт“, порача Зидан пред дербито со Барселона.