Зидан пред тешка задача, може да не го дочека Ел Класико на клупата на Реал

Иако во март се врати за да го однесе Реал на старите патеки, Зинедин Зидан засега не успева во својата мисија.

Потроши 300 милиони евра во летниот преоден рок, а донесе само една мега ѕвезда, во првите три кола освои само пет бода, а допрва го очекува најтешкото. Шпанските медиуми тврдат дека е можно да не остане на клупата на „кралскиот клуб“ до 26 октомври кога се игра првото Ел класико, на Камп ноу.

Претстојниот викенд Реал го пречекува Леванте кој лани го изненади фаворитот. Веднаш потоа е дербито со ПСЖ, а натаму следуваат Севиља, Атлетико итн.

Неколку киксови сигурно ќе значат збогување на Зидан и Реал и можно враќање на Жозе Мурињо.