Зидан го сака по секоја цена: Ако не може Нејмар, тогаш „кралевите“ ќе купуваат друга ѕвезда на ПСЖ

2562

И покрај лошата сезона во која ја загуби титулата во Примера, Зинедин Зидан и следната сезона ќе биде тренер на Реал Мадрид, без разлика на епилогот од финалето во ЛШ.

Францускиот стратег за лето подготвува голем ремонт на тимот, но и понатаму има неостварен трансфер цел за која копнее и тоа како. Минатото лето очајно се обидуваше да го ангажира Мбапе, но младиот фудбалер од Монако премина во ПСЖ со тоа што Парижани летово ќе мора да го откупат неговиот договор.

„Светците“ сепак се во големи проблеми поради финансискиот фер-плеј, па ќе мора да се ослобот од некој фудбалер, а тоа Реал Мадрид го гледа како шанса. Кога веќе не може Нејмар, тогаш би го земале Мбапе.

Кога станува збор за „кралевите“, парите не се проблем, па 180 милиони би се исплатиле на ПСЖ. Притоа во Мадрид ќе се направи и простор бидејќи Флорентино Перез се согласи да го продаде Герет Бејл кој си заминува од „Сантијаго Бернабеу“.