Жолчна расправија во соблекувалната на Реал: Рамос во конфликт со двајца искусни соиграчи

Серхио Рамос важи за неприкосновен лидер во соблекувалната на „кралевите“, а тој епитет го оправдал и по своето синоќешно „читање лекции“ кон дел од своите соиграчи.

Реал Мадрид и во вториот натпревар од групната фаза во ЛШ, не успеа да забележи победа, па Рамос имал свој суд по натпреварот кон двајца соиграчи.

Британските весници први излегоа со информација дека Иско и Марсело биле предмет на жестока критика од капитенот Рамос, кој пресудил дека тие дале најмал придонес во ремито на Реал нагости кај Борусија Менхенгладбах.

Рамос имал жолчна расправија со двајцата споменати фудбалери, а потоа добил поддршка дури и од Зинедин Зидан, кој се повеќе бил нетрпелив со неконстантната форма на овие двајца играчи.

Неизвесно е дали Реал со ваква форма ќе успее да обезбеди нокаут фаза сезонава, а за тоа да им успее, ќе мора да победат на барем 3 од следните 4 натпревари, без право на грешка.