Жика: Вардар ни самиот не знае што му е идејата, нема влијание на мак ракометот веќе 10 години

Српскиот новинар Жика Богдановиќ преку својот портал „Балкан хендбал“ пласираше нова колумна за што е специјалисти.

За разлика од многуте анализи и коментари во нашите, домашни медиуми, Жика се осврна на нашите два најдобри клуба, Металург и Вардар за „виновници“ за овој резултат што го имаше македонската ракометна селекција на ЕП 2020

„Онаквиот Металург каков што беше да потраеше уште пет години, друга песна ќе се пееше во Виена, сигурен сум. Проектот за правење на еден играч бара време, особено внимание, еуфоријата која ја градиш околу него, работата и шансата која му ја даваш. Тоа нигде не можеш да го имаш освен дома. Тако добива сите, и тој Мојсовски, и Миркуловски, Георгиевски, Јоновски, Маркоски…

И тука доаѓаме до големата вистина. Металург од еден амбициозен клуб стана само малку посилна школа за ракомет. Вардар ни самиот не знае што му е идејата, освен да ја преживее оваа сезона но и како претходните 10 години, белз влијание на МКД ракометот“, е дел од колумната која остава најсилен впечаток, а целата може да ја проследите ТУКА.