Жестоки реакции за челниците на Ф1, на Ферстапен му ја украдоа победата?!

Луис Хамилтон денеска славеше на трката за Големата награда на Бахреин со која започна новата сезона во Формула 1.

Британецот успеа со победа да ја отвори новата сезона во која ја брани титулата, а се чини дека оваа година главен конкурент ќе му биде Макс Ферстапен.

Ферстапен на три круга пред крајот успеа да го престигне Хамилтон, но брзо потоа Британецот се врати на првото место.

Имено, Ферстапен доби наредба од својот тим да го пропушти Британецот бидејќи излегол од патеката кога го престигнал.

Но, Холанѓанецот беше бесен поради тоа бидејќи стануваше збор за свиокот четири во која Хамилтон во речиси секој круг излегуваше надвор од патеката за што доби и предупредување од челниците на трката.

Кога Ферстапен дојде во водство, челниците на трката испратија порака до Ред Бул да го пропушти Хамилтон што предизвика бурни реакции кај јавноста и коментари дека Британецот ја има наклонетоста на челните луѓе во Формула 1.