Жестоки критики од јавноста до Федерер – причината била што поддржал познат расист?

Роџер Федерер јавно му упати поддршка на контроверзниот Алан Џонс, водителот на радио емисија во Австралија, кој се повлече по 35 години работа.

Џонс е познат по своите расистички говори и ставови во јавноста, по што публиката и не му е баш наклонета, а Федерер со поддршката кон него, го навлече гневот на себе.

Федекс му честиташе на Џонс за сите успеси во кариерата, а тоа им пречеше на повеќе негови навивачи.

Ти посакувам се најдобро до крајот на животот, ти честитам на успешната кариера“, а по тој коментар и објава на Федерер, можеа да се видат омаловажувачки коментари кон спортист каков што е Федерер, во контекст дека и тој е расист и дека комплетно го загубил умот кога решил да подржи еден расист како Џонс.