Жестоки критики на сметка на Теодосиќ: Сите знаеја дека тој нема да успее во НБА

Во Европа го доживуваат како еден од најдобрите играчи на денешницата, но во НБА немаат убаво мислење за Милош Теодосиќ.

Неколку недели откако ЛА Клиперс го отпушти Милош Теодосиќ, за учинокот на српскиот репрезентативец во НБА лигата разговараа познатиот новинар на „ЕСПН“ Зек Ло и новинарот на „Рингер“ Џејсон Консепсион.

Коментирајќи го учинокот на Милош Теодосиќ споменатите новинари изнакажаа работи кои сигурно нема да му се допаднат на српскиот кошаркар.

„Милош Теодосиќ дојде во лигата со 30 години и навика да пуши цигари и да пие алкохол надвор од терените. Не пиеше многу, но сакаше да го живее животот. Сите во НБА знаеја дека тој нема да успее, сите зборуваа дека 82 натпревари се премногу за него“, изјави Ло.

Новинарот на „Рингер“ ги потврди зборовите на својот колега и додаде дека Тео секогаш изгледал како претходната вечер да заглавил на некоја журка.

„Милош беше прототип на играч кој изгледаше како сигурно да дошол од Европа и да пушел. Тоа не е шега, тој навистина пушеше. Секогаш изгледаше како претходната вечер да ја минал во некој српски локал играјќи табла“, изјави Консепсион.

Милош Теодосиќ им се приклучи на Клиперси во јули 2017. година, а во првата сезона имаше доста проблеми со повредите. Во дебитантската сезона во НБА Теодосиќ бележеше просек од 9.5 поени, 4.6 асистенции и 2.8 скока по натпревар.

Раскинот на договорот со Клиперси следуваше на 7. февруари годинава, откако тренерот Док Риверс практично не го користеше од почетокот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојско второ полувреме за МЗТ Скопје во Сараево кое им донесе победа во АБА2

(ВИДЕО)Харден постави нов рекорд и влезе во историјата на НБА: Зад себе ги остави Брајант и Џордан

КРАЛОТ СЕ НАЛУТИ: Леброн си ја кажа својата мака по последниот пораз

ВИДЕО: Навивачката група „Фантоми“ знаеше како да го пречека Кожув по победата над МЗТ

Во најава интересен Мундобаскет: Ждрепката ги даде групите за Кина 2019

Во МЗТ Скопје гневни – испратија соопштение до МВР: До кога вака?

Ударна вест од кошарката: Олимпијакос доаѓа во АБА лигата?

(ВИДЕО) Летаа боксови во НБА: Жестока тепачка меѓи Ибака и Крис

Гостивар победата ја посвети на загинатите, па по мечот порача: Вечерва и НБА тим да гостуваше, ќе беше поразен