Жестока казна поради пукање со пиштол: Арда Туран доби затворска казна од 32 месеци

Арда Туран одамна на фудбалските терени не игра достојно на своето реноме. Наместо тоа, турскиот фудбалер влегува од проблеми во проблеми.

Туран и понатаму е играч на Барселона, но веќе некое време е на позајмица во Башакшехир, а токму во Турција направи проблем поради кој сега се соочи со казна.

Имено, 32-годишниот фудбалер минатата година се степал со турскиот пејач Беркај Сахин, а токму пејачот тогаш го извлекол подебелиот крај со оглед на тоа дека заврши со скршен нос.

Меѓутоа, тоа не било се од Арда Туран. Тој потоа се појавил во болницата во која на Сахин му се укажувала помош и му дошол во посета со пиштол, а потоа и пукал во подот.

Сега поради споменатиот инцидент е осуден.

Поточно Арда Туран доби затворска казна во траење од 2 години и осум месеци поради користење огнено оружје и предизвикување паника, илегално поседување оружје и намерно нанесување повреди.

Сепак, турскиот фудбалер нема да оди во затвор бидејќи казната е условна, но тоа може да се промени ако во следните пет години направи ново казнено дело.

Поради инцидентот со Сахин Башакшехир веќе го казни Арда Туран со 400.000 евра казна.