Жена ќе го суди Суперкупот, а Клоп во свој стил: Морам да пазам да не ја налутам мајка ми

Ливерпул и Челзи утревечер ќе се соочат во Суперкупот на Европа, а мечот ќе влезе во историјата бидејќи главен судија ќе биде жена.

Стефани Фрапар ќе се најде на центарот и ќе ја дели правдата во англиското дерби во европскиот Суперкуп кој се игра во Истанбул.

Менаџерот на „Црвените“ Јирген Клоп на свој начин ја коментираше одлуката на УЕФА за ваков важен натпревар да препушти на женски судија.

Конечно… Навистина сум среќен што можеме да бидеме дел од овој историски момент. Паметна е одлуката жените конечно да судат важни мечеви. Ќе морам да го покажам своето најдобро лице, ако тоа е некако возможно, инаку мојата мајка би можела да биде навистина многу лута“, изјави Клоп.

Неговиот Ливерпул во петокот со 4:1 го совлада Норич на отворањето на новата сезона, а шанса за нов трофеј има веќе утре против Челзи.