Жан Тод: Леклер е веќе голем шампион, но има нешто што му недостасува

Поранешниот шеф на ФИА и некогашен незаменлив прв човек на Ферари, Жан Тод, го пофали залагањето на Шарл Леклер, но потенцира што му недостасува.

Моначанецот сезонава покажа капацитет за победи на почетокот од сезоната, но потоа имаше страшен пад во формата и со катастрофалните одлуки на Ферари со стратегијата, па се доведе во ситуација луѓето да му наоѓаат маани и анализираат што му недостасува.

Шарл е веќе голем шампион, но се уште му недостасува нешто, се надевам дека наскоро тоа ќе го има, а тоа зависи и од Ферари“, порача Тод.

На прашање од новинарите, дали сака да каже дека му недостасува „нешто“, мисли на болидот на Ферари, Жан Тод потенцира повторно… „нешто сигурно му недостасува..“.