Зе Роберто: Роналдо од журка доаѓаше директно на тренинг, Роналдињо имаше дискотека дома

Бразилецот Зе Роберто важи за еден од најдолговечните фудбалери. Некогашниот репрезентативец на Бразил играше до својата 43-та година, а и денес, три години откако официјално се повлече, неговото тело изгледа како да би можел без проблем да одигра уште некоја сезона.

Во едно од последните интервјуа себе си се спореди со Кристијано Роналдо. Всушност, постави предизвик пред Португалецот со зборовите дека во физичка смисла е подобар од него и дека ќе биде така се додека Роналдо не биде во состојба да игра на високо ниво на 41, 42 или 43 години…

„Да, мислам дека сум во предност во однос на него. Ако игра колку и јас, во ред, ќе кажам дека според физичката подготовка е подобар од мене“.

Зе Роберто има 46 години и често на социјалните мрежи поставува фотографии како напорно тренира. Тој во текот на целата кариера најмногу внимание посветуваше на физичката подготовка, оттаму не зачудува што играше до 43 години. Во текот на својата кариера настапуваше за Баерн, Реал Мадрид, Баер Леверкузен, Хамбургер и повеќе клубови во татковината. Заврши во Палмеирас. Професионалец беше цели 23 години.

За сето тоа време играше со некои од најголемите играчи на 21 век. Во истото интервју се присети како беше со Роналдо и Роналдињо. Двајцата легендарни Бразилци биле целосно спротивни во однос на него…

„Роналдо обожаваше да оди на журки. Навечер ќе отидеше на забава, а потоа по непреспиена ноќ ќе дојдеше на утринскиот тренинг. Но, тогаш ќе работеше вредно како ѕвер“.

А Роналдињо?

„Тој е друга приказна, имаше дискотека во својот дом. Не сакав баш да одам таму“, низ смеа заклучи Зе Роберто.