Зборовите на Лапорта се вистински шок: Не разбираме што се случува

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта синоќа донесе доста загрижувачки вести за навивачите на каталонскиот тим.

Младата надеж на Барса, 17-годишниот Гави, се уште нема потпишано нов договор со клубот, а се е попречено од неговиот агент.

Лапорта не знае што се случува и зошто одолговлекува и не му е сеедно.

“Не можеме да разбереме зошто агентот на Гави сака да го одложи продолжувањето на соработката со клубот. Се уште го чекаме”, изјави Лапорта и ја продолжува приказната:

“Гави има само 17 години и ја претставува сегашноста и иднината на клубот. Не разбирам зошто агентот го одолговлекува потписот. Платата што ја понудивме е многу прифатлива. Нема да му понудиме повеќе бидејќи јас не сака Барселона да оди онака како што ја однесоа нејзините претходници, тие ја уништија. Би му рекол на агентот да ги прифати нашите услови што е можно поскоро. Тоа би било добро за нас поради плановите за следната сезона“, изјави Лапорт.