Завршницата од ЛШ во Лисабон може да наиде на голем проблем во следните недели

Како домашните првенства во сите посилни европски натпревари, така и Лигата на шампионите беше пролонгирана за нешто подоцна, и конечно ќе се одигра во август.

Но поради се повеќе заразените меѓу граѓаните во Лисабон, постои загриженост за враќањето на ова натпреварување.

УЕФА потврди дека ги разгледува сите опции, дека будно ја следи ситуацијата со коронавирусот.

Будно се следи ситуацијата и сме постојан котант со фудбалската федерација на Португалија. Се надеваме на најдоброто сценарио, дека сепак ќе има завршница во Лисабон, немаме засега причини да спроведеме план Б“, открива извор од УЕФА за француските медиуми.

Допрва треба да се одиграат уште неколку натпревари во осминафиналето, за потоа четвртфинале, полуфинале и финале, се до 23 август.