Заврши трансфер сапуницата: Де Лихт е нов играч на Јувентус!

Италијанскиот трансфер експерт Џанлука ди Марцио вечерва објави дека повеќе не постојат пречки за преминот на Матијс де Лихт од Ајакс во Јувентус.

Италијанскиот шампион ќе плати 75 милиони евра, односно 70 милиони во готово и уште пет во бонуси и ќе го добие еден од најдобрите млади фудбалери во светот. Јувентус ги доставил банкарските гаранции на кои инсистирал Ајакс и трансферот може да се реализира.

Де Лихт утре ќе допатува во Торино, а веќе в среда ќе бидат извршени лекарските прегледи по кои следува потпис на договорот кој ќе биде со петгодишна важност при што младиот Холанѓанец ќе заработува по 12 милиони евра годишно што го прави втор најплатен играч во Серија А – по Кристијано Роналдо.

Добро помина и агентот Мино Рајола на чија сметка ќе легне провизија од 11 милиони евра.