Заврши ли сезоната за Новак Ѓоковиќ?

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да го прескокне Мастерсот во Индијан Велс и со тоа отвори низа шпекулации за неговата иднина.

Специјализираниот тениски портал Punto de break направи анализа околу тоа кога би можел пак да заигра Србинот, односно дали ќе се појави пак пред крајот на сезоната.

„Остануваат уште турнирите во Париз и Торино, можеби ќе ги одигра двата, можеби ќе избере само еден, но не е исклучено и да не заигра повеќе. Ако Медведев не направи големо бодовно салдо во Индијан Велс, веројатно Ѓоковиќ ќе направи пауза до јануари“, анализира порталот.

Во случај навистина да одмора, Ѓоковиќ би собрал сили за новата сезона во која ќе брка барем еден Гренд слем со што ќе стане нов рекордер во тенисот.