Запознајте го SEAT Tarraco – новиот член на SEAT семејството

SEAT Tarraco е третиот, но и најголем SUV на познатиот шпански производител кој што се придружува на фамилијата која што ја сочинуваат Arona и Ateca.

Големиот SUV нуди голема флексибилност на купувачите со опција за 5 и 7 седишта. Tarraco е првиот модел кој што го отркива дизајнот на SEAT за следните години.

Tarraco го доби своето име од медитеранскиот град Tarragona, и во хиерархијата на SEAT е на самиот врв на SUV гамата, над помалите браќа, Ateca и Arona. Тој е развиен на истата MQB платформа како и Ateca, но Tarraco е поголем во должина и висина.

Продажбата на новиот Tarraco ќе започне на почетокот на следната година, а новиот SUV на SEAT ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Wolfsburg, Германија.

Дизајнот претставува еволуција на дизајнерскиот јазик на SEAT – аглестите предни светла се поставени околу хексагонална маска на ладилникот која најавува во која насока ќе се движи дизајнот на SEAT во следните неколку години. Профилот пак е чист – без непотребни линии и форми, додека задниот дел јасно кажува дека се работи за SEAT, но со малку поинакви линии и детали.

Внатрешноста на овој модерен SUV е модерна и едноставна. Прво што паѓа во очи е дизајнот во однос на другите модели на SEAT. Централно е поставен големиот, 8-инчен мултимедијален уред, а пред возачот се наоѓа 10.25 инчен дигитален панел со инструменти. Меѓу другото, Tarraco добива и DCC систем за динамична контрола на суспензијата, системи за следење на коловозната лента, систем за препознавање пешаци и велосипедисти, следење на слепата точка и уште многу, многу повеќе.

Гамата на мотори ја сочинуваат два бензински и два дизел мотори, сите со турбополнење. Основен мотор во понудата е 1.5-литарскиот TSI турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили и се комбинира со шест-степен мануелен менувач и погон на предните тркала. Над него е 2-литарскиот TSI со 190 коњски сили кој може да се добие со седум-брзински DSG менувач и 4Drive погон на сите четири тркала.

Дизел варијантата пак доаѓа со турбодизел опцијата, а тука е добро-познатиот 2.0 TDI со 150 или 190 коњски сили. Послабата верзија може да се добие со мануелен менувач и погон на предните тркала, или пак автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Помоќниот турбодизел е достапен само со автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Во прилог погледнете го и официјалното видео за SEAT Tarraco: https://www.youtube.com/watch?v=amds-Fu7f24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ред Бул удрија по ФИА: Мерцедес е секогаш заштитената страна!

Ферари се чудо – направиле голем кикс поради кој Фетел можел да го загуби и 2. место во Канада

(ВИДЕО) Два моменти се клучни во целата ситуација: Познато е зошто Фетел доби казна

Ферари сака да го врати ударот, но фактите се против него!

Хамилтон објаснува: Зошто Фетел не е во право што е лут на одземената победа

Фетел не сака да прифати што му направија од ФИА: Ова не е спортот во кој се заљубив

Џентлменот Хамилтон – барем го утеши Фетел!

ФЕТЕЛ ДАЛИ СИ СЕРИОЗЕН: Германецот по трката го има „нај-моментот“ во Канада

Тензичен крај во Канада – Фетел одби да даде изјава, но по тимско радио удри по ФИА