Синоќа во Скопје, на 85-годишна возраст, почина Лазар Лечиќ, еден од основоположниците и своевиден симбол на кошарката во Македонија.
Лечиќ работеше како тренер на Работнички (двапати, од 1962 до 1972 година, а потоа од 1975 до 1968 година), на МЗТ Скопје, Никол ферт, беше тренер во Србија (Борац Чачак и во Војводина), во Словенија (Олимпија Љубљана) и во Грција (Арис).
Тој беше дел од Стручниот штаб на тогашната југословенската репрезентација, предводена од Ранко Жеравица која 1970 година стана светски шампион во Љубљана.
Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“, а лани во јуни тогашниот претседател, Стево Пендаровски ги одликува Лечиќ и уште четворица спортски великани со „Медал за заслуги на Република Македонија“.
Лечиќ ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.