Захариевски: Ветувам многу работа и голема борба, чест е да се биде тренер на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар деновиве официјално го промовира Срѓан Захариевски во нов шеф на стручниот штаб на нивниот клуб.

Вардар иако успешен македонски клуб, нема добар старт во првенството на Македонија, па на местото на Горан Петрески, па од него ќе се бара стабилизирање на клубот и подигање кон местата кои водат кон Европа.

– Нашите амбиции се да го стабилизираме Вардар, голема благодарност до структурите на Вардар за укажаната можност да го водам клубот. Ќе гледаме во следниот период да се засилиме со некој нов играч, се надевам дека доаѓаат добри денови за Вардар.

– Како играч секогаш притисокот е голем кога играте за Вардар и тој притисок го делите со играчите, но кога сте тренер, тогаш секогаш еден е виновен, но јас го прифатив овој предизвик, јас не бегам од одговорност, она што можам да го ветам е многу работа, доста борба и сметам дека тоа ќе се види на терен. Но до каде ќе стигнеме, ќе видиме.

– Секако дека не беа добри првите 4 кола оваа сезона, моите претходници го дале максимумот, за две недели се сменија двајца стратези, на кои што им посакувам во иднина многу среќа. Не беше добар почетокот, па ќе мора многу да работиме на повеќе планови за да се подобриме, порача Срѓан Захариевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО