Заедно имаат над 60 трофеи, а против Атлетико беа очајни

Реал доживеа дебакл во градското дерби со Атлетико откако загуби со 1-3 на Ванда Метрополитано, а интересно е тоа што „кралскиот клуб“ најмногу настрада од своие најискусни играчи.

Најслаба оценка на дербито доби Давид Алаба кој е оценет со нула затоа што беше виновен за двата гола на Мората. Втор најлош играч е Лука Модриќ кој неочекувано доби шанса во почетната постава, а на крајот доби „единица“ и беше заменет на полувреме. Иако лошо го оценија, медиумите сметаат дека неговата слаба игра не е само негова вина, туку и на тренерот Анчелоти бидејќи таква формација и таков пристап не му одговараат на Хрватот. Заедно со нив, очаен беше и десниот бек Лукас Васкес од чија страна паднаа два од трите гола, како и Ридигер кој делуваше очајно.

Интересно е тоа што Алаба и Модриќ заедно имаат над 60 трофеи во кариерите и требаше да биде носители на Реал на овој меч, Австриецот во дефанзивата, а хрватскиот ас во средниот ред. Тоа се покажа како тотално промашување од Анчелоти кој на крајот и ја призна грешката.