Забрана за влез во Олимпиското село на натпреварувач од Сад со потекло од БиХ

Натпреварувачот на Америка, по име Ален Аџиќ, има забранет влез во Олимпиското село, поради обвинувањата кои му го натоварија.

Всушност овој натпреварувач е обвинет за сексуално вознемирување на жени, па откако успеал да се избори за олимписка норма, му било кажано дека тој не може да влезе во олимпиското село.

Натпреварувачот преку своите адвокати најавил правни дејствија, односно дека ќе се борат да докажат дека обвинувањата биле беспредметни.

Таквите обвинувања му датираат од периодот 2013-2015, но токму поради тоа обвинување од три жени, не може да настапи на ОИ.

Треба да се напомене дека овој натпреварувач во спортот „мечување“ е по потекло од Босна и Херцеговина, но со неговите родители живее и работи во Америка.