Заборавил како се освојуваат трофеи, ама акциите на Рома ги качи за 26%

Жозе Мурињо нема ниеден трофеј од 2017 година кога како предводник на Манчестер Јунајтед триумфираше во Лига купот на Англија и во Лигата Европа.

Една година подоцна доби отказ од клубот од Олд Трафорд, а во Тотенхем за 18 месеци не освои ништо. Од неговото заминување од Интер во 2010 година освои вкупно осум трофеи што е катастрофален ефект за 11 години за менаџер со неговото реноме, па со право многумина веќе почнаа да се сомневаат во квалитетите на португалскиот стручњак.

И покрај тоа, Мурињо и натаму е еден од највлијателните ликови во европскиот фудбал, како на спортски, така и на финансиски план. Проценките се дека по објавувањето на неговиот договор со Рома, акциите на римскиот клуб прво скокнале за 12%, а потоа за 26%