Заборавената ѕвезда се враќа на големата сцена

Хатем Бен Арфа е еден од фудбалерите кои поради своите „бубачки“ не ја остварија кариерата која им се предвидуваше.

34-годишниот играч во текот на кариерата играше за Лион, Марсеј, ПСЖ, Њукасл, а последниот ангажман го заврши минатото лето во Бордо.

Неговиот квалитет никогаш не беше доведен во прашање, па доби уште една шанса да се покаже на големата сцена.

Бен Арфа ги договорил условите од договорот со францускиот шампион Лил и наскоро би требало да стане член на овој тим.