Мартинс е блиску до нов договор со своите: Моето срце е во Порто!

По ангажирањето на францускиот голман Робин Кантегрел , Вардар го потврди и доаѓањето на Филип Талески, кој е добар сигнал дека црвено-црните имаат добри амбиции.

Деновиве се појавија уште неколку ракометни имиња, меѓу кои и ракометарот на Порто, 22 годишниот Михел Мартинс, за кој Порто преку медиумите во својата земја, даде до знаење дека Вардар нема на што да се надева во тој случај.

Португалскиот весник „Рекорд“, пишува дека Михел Мартинс има усмен договор со управата на клубот за продолжување на договорот до 2023 година и дека тоа е прашање на денови кога ќе се случи.

Веднаш по сите шпекулации, самиот ракометар потврди дека има договор со Порто:

Голема е честа да се биде дел од овој голем клуб, моето срце е во овој клуб. Се надевам дека ќе имам уште големи моменти, а подоцна и да се пензионирам со овој клуб. Порто ми е како фамилија, ќе продолжам да го давам својот максимум овде“, порача Михел Мартинс за Рекорд.