За „влакно“ им побегна Ф4 во АБА: Надежите на МЗТ Скопје со тесен пораз во клучниот меч

Jуниорите на МЗТ Скопје Аеродром иако одиграа одличен турнир во задар во рамки на квалификациите на АБА лигата, сепак за малку останаа без пласман на завршниот Ф4 турнир.

Младите „штркчиња“ во клучниот меч беа тесно поразени од Копер со резултат од 82-87, па така остана без второт место во групата кое носеше во полуфиналето.

Надежите на МЗТ Скопје и денес како и цел турнир одиграа одлично и борбено, но на крај немаа среќа.

Митевски со 22 поени и 8 асистенции беше прво име кај Аеродромци, додека Исајлоси даде 16 поени.

Па така МЗТ Скопје овој турнир го заврши со три победи (Морнар, Задар и Цедевита Олимпија) и два порази (Црвена Звезда и Копер).