Европската фудбалска унија го казни Фенербахче со 50 илјади евра и делумно затворање на следниот меѓународен натпревар поради скандирање на навивачите за рускиот агресор Владимир Путин на квалификацискиот дуел од Лигата на шампионите против Динамо Киев.
Украинците славеа со 2-1, а домашните фанови, испровоцирани од прославата на победничкиот гол, почнаа да скандираат за агресорот и со тоа го посрамија и својот клуб и Турција.
Фенербахче е казнет поради уфрлување предмети на теренот и провокативни повици со навредлив карактер, па на следниот натпревар мора да затвори најмалку 5.000 места.