За шпекулациите околу Донарума и евентуалниот трансфер во Јувентус – се огласи Паратичи

Еден од спортските директори на Јувентус, Фабио Паратичи, отфрли можност „старата дама“ во следниот период да ангажира голман.

Таков став имаат во Јувентус, бидејки често ги поврзуваат со евентуален трансфер на Џиџи Донарума од Милан, голманот за кој се верува дека на лето може да ја менува средината.

Договорот на Донарума со Милан истекува следното лето 2021 година, но ќе биде тешко од Милан да го убедат во некој голем проект.

„Можам да потврдам дека ние нема да ангажираме голмани. Среќни сме со Шчесни, одлуката е веќе донесена, тој е еден од најдобрите голмани во светот“, истакна Паратичи.