За падот на „старата дама“ – Чоло може да биде посебно среќен

Старата дама синоќа победи (2:1), но сепак беше елиминирана поради голот кој Лион го постигна претходно на домашен терен и кој на крајот беше пресуден.

За Јувентус ова е голем удар бидејки тие важеа за еден од трите најголеми фаворити оваа сезона за освојување на трофејот, но еден човек сигурно ќе се радува најмногу на елиминацијата на Јуве, а тоа е Чоло.

Како што пишува Марка во своето дневно издание, Диего Симеоне е човекот и поединец кој може најмногу да се радува на тоа што Јуве е елиминиран, бидејки во сите досегашни дуели, Атлетико губел во нокаут фазата само од тимови во кои настапува Кристијано Роналдо.

Сименоне и Атлетико никогаш не загубиле меч во нокаут фазата против останатите тимови, туку само од тимови за кои играч португалскиот играч.

Роналдо се простори од ЛШ синоќа, а Диего Симеоне повеќе може да здивне.

Со оглед на тоа дека до четвртфиналето се елиминирани екипи како Ливерпул, Јувентус и Реал, завршницата од сезоната и понатаму останува неизвесна до самото финале.