Нејмар мораше да паузира на крајот од 2020 година поради повреда што ја доживеа во дуелот со Лион, но тоа нема да му пречи да продолжи со својот животен стил.
Медиуми во Бразил открија дека тој планира голема журка во подземна дискотека во рамките на својата вила која се наоѓа во близина на Рио де Жанеиро. Забавата ќе трае пет дена, а поканети се над 500 гости. Сето тоа планира да го направи во период на пандемија со корона вирусот од кој секојдневно умираат десетици илјади луѓе низ целиот свет.
O troféu imbecil do dia vai para @neymarjr e sua festa de 5 dias ou Presidente Bolsonaro e seu “não dou bola pra isso”?
Lembrando, imbecil do dia, talkei?— Augusto de Arruda Botelho (@augustodeAB) December 26, 2020
Диско клубот на неговиот имот е опремен со цела потребна звучна изолација за буката да не им пречи на соедите. Интересно е тоа што Нејмар им забранил на поканетите да внесат мобилни телефони, веројатно за да не излезат во јавност детали од големата забава.