За Еклстоун некогаш најдобри во Ф1 беа, Шумахер, Хакинен, Фетел, Хамилтон, сега има друг миленик

Некогаш првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, истакна дека холандскиот возач Макс Верстапен, бил најдобриот возач во историјата на овој мото спорт.

Еклстоун во неделата ја следеше ГН на Бразил на патеката Сао Паоло, каде Макс Верстапен забележа уште една победа во низа во кариерата, вкупно 52. во кариерата.

Макс е најдобриот возач во историјата на Ф1, неговото влијание е огромно, има популарност и напредува овој спорт во Холандија. Со неговото присуство се враќа и натпреварувањето во Зандворт. Сега ми е мило да одам во Холандија, организацијата на Зандворт е се подобра, за тоа има влијание и Макс Верстапен“.

„Оваа трка ќе биде во Ф1 календарот се додека Макс Верстапен се натпреварува, но сигурно ќе изгубиме некои други трки, затоа што премногу ги има во календарот, вкупно 24“, порача Берни Еклстоун.

Многумина ќе бидат скептични околу ваквата изјава на Еклстоун, бидејки своевремено тој истото го зборуваше и за Михаел Шумахер, Мика Хакинен, потоа и за Себастијан Фетел, Луис Хамилтон, а сега за Верстапен.