За Дејан Илиев нема иднина во Арсенал: Топчиите носат нов голман

Третото засилување на Арсенал за следната сезона станува се поизвесно, за што навивачите на овој клуб не се премногу воодушевени.

Екипата од Емирати во овој преоден рок успеа да ги донесе Нуно Таварес од Бенфика и младиот играч за врска на Андерлехт, Алберт Самби Локонг.

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал испратил официјална понуда за голманот Арон Рамсдејл.

Тоа е чуварот на мрежата на Шефилд Јунајтед, клуб кој минатата сезона како последнопласиран тим со само 23 освоени бода испадна од Премиер лигата.

Рамсдејл ја бранеше мрежата на сите од 38 натпревари во Премиер лигата минатата сезона во која прими 63 гола.

Шефилд доби понуда вредна 30 милиони фунти, што наиде на лутина на навивачите на клубот од Северен Лондон.

Андре Онана од Ајакс беше голема желба на Арсенал, но бидејќи ја загубија трката за неговиот потпис се свртеа кон други имиња.

И покрај квалитетот на Рамсдејл, навивачите се на мислење дека за тие пари може да се донесе подобро засилување.

Воедно ова значи дека нашиот интернационалец Дејан Илиев повторно ќе извиси и се чини за него нема иднина кај „топџиите“