Вуко Борозан прави квалитетен трансфер

Некогашниот ракометар на Вардар, Вуко Борозан, си најде нов клуб каде ќе настапува од идната сезона.

Тој по настапите во Вардар до 2019 година, се пресели во Веспрем на две сезони, па на крајот во Ал Араби, а сега постигнал договор со ППД Загреб.

Доаѓајки во Загреб, Вуко Борозан ќе биде повторно тимски играч на Иван Чупиќ, соиграчот од Вардар со кој освоија титула во ЛШ.

Несомнено дека Вуко Борозан ќе ги засили редовите на „плинарите“ и ќе биде огромно засилување во претстојната сезона.